Автопатот Тетово-Гостивар е еден од клучните приоритети на кои работи Владата, рече Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски за време на увидот во реконструкцијата на улицата „Гоце Делчев”, во рамки на проектот „Поврзување со локални патишта”.
-Токму поради и наплатата на патарините и токму поради тоа што развојот на инфраструктурата во државата ни е еден од клучните приоритети на кои што работиме е еден од проектите на кои што работиме со целосна реконструкција и прошируваење на овој автопат, заради тоа е важно да се плаќаат патарините, заради тоа што ние сега само во овие 4 години реконструиравме и рехабилитиравме, изгерадивме преку 1000км патишта во државата, и заради тоа, веќе се работи на проектирање на новата траса на Тетово-Гостивар која што ќе биде траса за едниот правец а постоечката ќе остане за другиот правец, ова е од исклулително значење и токму со ова сакам да укажам дека Владата го има во план целосна реконструкција на овој автопат, појасни Бочварски.
Тој рече дека кога ќе се реконструира тој автопат постоечкото решение ќе биде во едниот правец, од Тетово кон Гостивар, а другата траса која што ќе биде изместена, нема да биде паралелно со овој пат.
-Секако дека ќе се плаќаат патарини затоа што по Законот за јавни патишта во државата на сите автопати се плаќа патарина по такса која што е утврдена со Закон и тоа е исклучиво само заради аспектот да имаме модерни патишта, да можеме да ги одржуваме, да можеме при зимски услови да ги исчистиме од снежни наноси, и да можеме почесто да ги реконструираме да бидат во добра кондиција заради тоа што патиштата се лицето на државата, појасни Бочварски.