17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Покренато обвинение против Игор Јанушев и Миле Јанакиески за набавката на кинеските автобуси

Обвинение против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, актуелниот пратеник и ексдиректор на ЈСП Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ и уште две лица, поднесе Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Според обвинителот, обвинетите ги искористиле своите функции и спротивно на Законот за јавни набавки, прибавиле корист за фирма од Р.Кина. Од Обвинителството наведуваат дека незаконски ја фаворизирале и склучиле договор за набавка на 202 двокатни автобуси. Обвинителот проценил дека осомничените со извршените дејствија нанеле штета на Буџетот на РМ во износ од 293.773.226,00 денари или 4.772.920 евра.

„По три неуспешни постапки за набавка на двокатни автобуси што биле спроведени во текот на 2008 и 2009 година, во месец февруари 2010 година била спроведена нова постапка за јавна набавка. При отварање и разгледување на понудите доставени по јавниот оглас за набавка на 200 автобуси од затворен тип и два автобуси од отворен тип, обвинетите С.Ф.П. (47) како претседател и И.Ј.(36) (Игор Јанушев) и Ј.Ј.А.(62) како членови на Комисијата за спроведување на јавна набавка на двокатни автобуси за ЈСП на Град Скопје, во договор со првообвинетиот М.Ј.(43) (Миле Јанакиески), постапиле спротивно на Законот за јавни набавки и фаворизирале економски оператор кој до денот на отварањето на понудите немал доставено банкарска гаранција на понудата и сертификат за квалитет ИСО 9001:2000 како што било пропишано во тендерската документација. Комисијата наместо да ја отфрли понудата како некомплетна, ја продолжила постапката и извршила евалуација на двете доставени понуди. И покрај тоа што понудата на економскиот оператор од Р.Бугарија била за 4.772.920 евра пониска, Комисијата го избрала економскиот оператор од Кина и му предложила на првообвинетиот да склучи договор со него“, велат од Обвинителството.

Сите се гонат за злоупотреба на службена положба и овластување.

„Првообвинетиот иако знаел за недостатоците на избраната понуда, наместо да ја поништи постапката за јавна набавка поради битни пропусти, тој донел Решение за избор на најповолна понуда и склучил Договор за купопродажба на автобуси на износ од 35.425.410,00 евра. Со дејствијата опишани во Обвинителниот акт обвинетите сториле кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување предвидени и казниво по член 353 став 5 во врска со став 1 и член 22 од Кривичниот законик“, додаваат од Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

Обвинение за сопственик на угостителски објект, злоставувал Македонка и Русинка

M T

Обвинение против двајца битолски гинеколози поради смрт на новороденче

M T

Обвинение против заменик директорот кој истепал ученик во основно училиште во Чегране

M T

Обвинение за неплаќање акциза во Велес

M T

Обвинение за гостиварец кој со нож нападнал човек, чие возило било паркирано до патот

M T

Одобрено обвинението за „Поштенска банка“

M T