Вемето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен попладне вдолж Повардарието. УВ=9
До петок ќе преовладува сончево и многу топло време.
Во петок кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи, а за време на викендот и во почетокот на идната седмица ќе има почеста појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата од петок ќе биде во постепено опаѓање.
Прогноза за 16.07.2021
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 31°C до 38°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. УВ=8
Прогноза за 17.07.2021
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 31°C до 38°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8
Прогноза за 18.07.2021
Минимална температура: 14°C до 22°C
Максимална температура: 28°C до 35°C
Променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=8