Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Сообраќајка на патот Ресен-Охрид, четворица повредени

Четворица повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Ресен-Охрид, во близина на превој Буково. Според информациите, несреќата се случила помеѓу патничко возило „пежо“, управувано од И.Н.(26) од с.Кравари, битолско, и „фиат пунто“, управувано од Т.Н.(48) од с.Златари, ресенско.

Во незгодата возачот Т.Н. и малолетна сопатничка од истото возило се здобиле со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобиле уште двајца сопатници од двете возила, С.Н.(44) од с.Златари и Н.Б.(32) од с.Раштани, констатирани во болницата „Св.Еразмо“, Општата болница-Охрид и во Клиничка болница-Битола.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Охрид.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК