Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Почина едно лице – МВР со детали за трагичната сообраќајка во близина во Охрид

На 10.07.2021 во 14,40 часот било пријавено дека на магистралниот пат с.Подмоље-Охрид, пред манастирот „Св.Еразмо“, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило“фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Љ.Г. (51) од Охрид, патничко моторно возило „ауди А4“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Е.Љ.(22) од Охрид, патничко моторно возило “фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(46) од Струга и товарно моторно возило „сканија“ со охридски регистарски ознаки управувано од Т.Ѓ.(38) од с.Вапила-охридско.

Во незгодата сопатник од возило “фолсваген голф“ Х.Г.(78) од Охрид од здобиените повреди на пат за болницата „Св.Еразмо“ починал.

Со тешки телесни повреди се здобил Љ.Г., а со телесни повреди се здобиле А.Џ. и Е.Љ. констатирани во болницата “Св.Еразмо“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.

Можеби ќе ве интересира

Почуствуван земјотрес во Македонија – Сеизмолошка ги објави деталите

ДЕСК

СИНОПТИЧАРИТЕ СО НОВИ НАЈАВИ: Драматична промена на времето следните 4 дена – подгответе се за дожд, снег и силен ветер

ДЕСК

Утре променливо облачно, кон крајот на денот со повремени врнежи од дожд

C +