Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Зајакнати контроли за да се спречат опожарувања на депонијата Доброшинци кај Струмица

Државниот инспекторат за животна средина спроведе вонреден инспекциски надзор на депонија лоцирана во близина на селото Добрашинци што се користи за отстранување на отпадот од Струмица. Депонијата во моментот на надзорот не беше опожарена, но граѓаните од околината се жалат дека таа често гори.

„Областа зафатена со депонирање има површина од 12 хектари и истата е оградена. Има можност за неовластен пристап, што повремено се злоупотребува за потпалување на депонијата. Заради високите температури се јавува и самозапалување. На теренот има механизација што врши прекривање со земја, а се доведува и вода за гасење од системот во состав на Водостопанство АД, што минува покрај депонијата“, велат од ДИЖЗС.

Од таму додаваат дека јавното претпријатие е задолжено да ги зајакне контролите, редовно да проверува евентуални оштетувања на оградата и да врши почесто прекривање на отпадот со земја, а со тоа да обезбеди и уште еден багер со кој прекривањето со земја ќе се врши на поголема површина – со цел спречување на нови опожарувања.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +