Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен дилер на дрога, запленети кокаин и марихуана, изготвена кривична пријава

Денеска (09.07.2021) Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Р.В. (50) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по чл. 215 од Кривичниот законик.

Имено вчера (08.07.2021) околу 08.00 часот на паркинг во Струмица кај Р.В. во патничко возило „фиат пунто“, со струмички регистарски ознаки, при извршен преглед во пластична кутија пронајдени се 17 пакувања со кокаин, како и поголем износ на парични средства.

Истиот ден, по добиена наредба на Судија на претходна постапка при Основен суд во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица извршија претрес во неговиот дом во с.Добрејци, при што се пронајдени 12 стебла cannabis sativa, околу 4 кг марихуана и шишиња со течна материја, пиштол „застава М88“, рамка со 6 куршуми калибар 9мм.

Р.В. е лишен од слобода и во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК