23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Ѓавочанова од Валандово: ВМРО-ДПМНЕ се синоним за блокади, нашите пратеници во скафандери да гласаат за граѓаните

 Овде сме да продожиме да се среќаваме со вас, да видиме што ветивме и што реализиравме во овие четири години, сепак минуваме низ пандемија но воспоставивме  високи стандарди на транспарентно работење, не смееме да бидеме скромни бидејќи постигнавме многу, рече на трибината во Валандово пратеничката на СДСМ Драгица Ѓавочанова.
 
-Во оне општини каде раководи СДСМ досега има анализа дека се реализирани над 4550 проекти, 4 1 процент од ветените изборни програми, а 2300 се во реализација, шти значи до крајот на месецот ќе заокружиме 63 проценти од изборните програми, појасни таа.
 
Таа потсети дека како претставник во Собранието, со доаѓањето на власт СДСМ обезбедиле буџетски пари за општините од 50 милиони евра за долгови направени од ВМРО-ДПМНЕ, за заздравување.
 
-Во тек е рализација на проект за локални патишта и улици, реконструкција и изградба, сведоци сте дека инвестираме во студентскиот стандард, 40 илјади студенти ќе добиваат по 2400 денари, финасиска поддршка за субвеницониран оброк, за маркетите и угостителски објекти, закон за кој  ВМРО-ДПМНЕ, ниту дискутиаше ниту гласаше, рече таа.
 
Ѓавочанова  како наставник по професија потсети дека веќе од септември дел од наставниците се промовирани во ментори и ќе добиваат додаток на плата од 3000 денари, закон кој исто така опозицијата го бликраше долго време.
 
-Со истиот закон 1470 наставници и стручни соработници ќе можат да добијат трансформација на работниот однос од нопределено на неопределно работно време. Обезбедивме Стипендија за средношколците во стручното образование. Во мометот во Собранието  е законот за отпис на камати, се надевам дека и овој закон нема да биде блокиран од опозицијата како досега, рече таа.
 
Таа потсети дека ВМРО-ДПМНЕ веќе подолг период го блокира законот за изградба на Клиничкиот центар.
 
-Тие се синоним за  блокади и опструкции. Нашите пратеници доаѓаа во скафандери за да се изгласа финасиска поддршка за граѓаните, додека ВМРО-ДПМНЕ блокираше се што е во корист на граѓаните, дополни Ѓавочанова.