Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев-Кларк: Со сигурноста што ја обезбеди членството во НАТО дојде и сигурноста во економијата и владеењето на правото

Претседателот на Владата, Зоран Заев го прими поранешниот генерал на САД и поранешен командант на здружените сили на НАТО за Европа, Весли Кларк.

На средбата, на која присуствуваше и заменик-претседателот за борба против корупција, за одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, стана збор за новата реалност за Северна Македонија и за регионот откако земјата и неколку други земји од Западен Балкан се членки на НАТО.

Премиерот Заев го истакна членството во НАТО како остварување на стратешката цел на земјата која го дефинираше геостратешкото место на Северна Македонија во регионот и на меѓународен план, како и придобивките од безбедносната сигурност кои создадоа услови и поттикнаа голем број странски инвестиции и економски напредок.

Поранешниот генерал на САД и поранешен командант на здружените сили на НАТО за Европа, Весли Кларк истакна дека сега, откако заврши неговата војничка кариера, тој е целосно посветен како бизнисмен да го поддржува развојот на земјите од регионот и од југоисточна Европа во делот на нивното економско поврзување со инвеститори од САД и Европа, и особено во поддршката на владите во борба против корупцијата и сивата економија.

Како искусен познавач на регионот и на политиките за привлекување и поддршка на странските инвеститори на Северна Македонија, поранешниот генерал Кларк на средбата истакна дека во наредниот период ќе го поттикнува интересот на компаниите од САД да инвестираат во нашата земја.

Можеби ќе ве интересира

ОБИД ЗА УБИСТВО ЈА ПОТРЕСЕ СТРУГА: Младо момче прободено со нож, братот соопшти дека го оперирале 9 часа

ДЕСК

УТРЕ Е ГОЛЕМ ПРАЗНИК: Нека е за многу години Света Петка

ДЕСК

ФАТЕН СЕРИСКИ ОГРАБУВАЧ НА ПРОДАВНИЦИ ЗА БРЗИ КРЕДИТИ: Се бара притвор

ДЕСК