Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Спасовски од Делчево: Во ЕУ ќе влеземе само со македонски јазик и македонски идентитет

Ние сме современици и го живееме сонот на нашите претци, ние сме членка на НАТО, влеговме со македонски идентитет и македонски јазик, сега сме мотивирани како никогаш повеќе и покрај ударите, но и во ЕУ ќе влеземе са со македонски јазик и македонски идентитет и од тоа нема отстапување, рече на потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Делчево.
 
Спасовски појасни дека СДСМ реализирала две важни суштински работи кои се во интерес на граѓаните.
 
-Го рализиравме она што е најсуштинско за државата создадовме едно општество за сите, овој концепт не се однесува која на која вера и нација припаѓа, туку зборуваме  за подеднаков пристап на сите граѓани до институциите и оние кои живеат на село и оние во град, и оние кои имаат високо образование и оние кои немаат доволно образование, и лицата со посебни потреби, уметници, спортисти, научници итн. Тоа сега е концепт на живеење, рече тој.
Според Спасовски вториот значаен дел е реализација на суштинска стратешка цел, Македонија да биде самостоја, суверена и независна држава и да биде членка на НАТО но и на ЕУ.

-Без разлика каде живее град или село, мора да созадаме услови за еднакви услови за живот секогаш и секаде. СДСМ разговара и дава отчет во периодот додека е власт и што да се прави во иднина. Затоа мораме да разовараме со граѓаните и да ги слушаме нивните зборови, потенцираше тој.

Можеби ќе ве интересира

Државата ќе дели по 3.000 денари месечно на ранливи категории граѓани?

ДЕСК

Граѓаните се навикнаа да се откажуваат: Прво од луксуз, потоа од нормален живот

ДЕСК

ДРАМА КАЈ ТРАНСПОРТЕН ЦЕНТАР СРЕДЕ БЕЛ ДЕН: Маж пријавил напад, едно лице имало остар предмет

ДЕСК