Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Спасовски од Делчево: „Едно општество за сите“ значи еднаков пристап на граѓаните пред институциите

СДСМ мора да биде со граѓаните, секогаш и секаде, секој еден е важен и на тој принцип се како власт се обврзавме кога ја презедовме власта, рече на потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Делчево.
 
-Без разлика каде живее град или село, мора да созадаме услови за еднакви услови за живот секогаш и секаде. СДСМ разговара и дава отчет во периодот додека е власт и што да се прави во иднина. Затоа мораме да разовараме со граѓаните и да ги слушаме нивните зборови, потенцираше тој.
 
Спасовски појасни дека СДСМ реализирала две важни суштински работи кои се во интерес на граѓаните.

-Го рализиравме она што е најсуштинско за државата создадовме едно општество за сите, овој концепт не се однесува која на која вера и нација припаѓа, туку зборуваме  за подеднаков пристап на сите граѓани до институциите и оние кои живеат на село и оние во град, и оние кои имаат високо обраозванире и оние кои немаат доволно образование, и лицата со посебни потреби, уметници, спортисти, научници итн. Тоа сега е концепт на живеење, рече тој.
 
Според Спасовски вториот значаен дел е реализација на суштинска стратешка цел, Македонија да биде самостоја, суверена и независна држава и да биде членка на НАТО но и на ЕУ.

-Ние сме современици и го живееме сонот на нашите претци, ние сме членка на НАТО, влеговме со македонски идентитет и македонски јазик, сега сме мотивирани како никогаш повеќе и покрај ударите, но и во ЕУ ќе влеземе како Македонци и од тоа нема отстапување, рече тој.

Спасовски заклучи дека од програмата на СДСМ живот за Македонија речиси сите планови се реализирани.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК