Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Спасовски од Делчево: Во време на криза спасивме 100.000 работни места

Од програмата на СДСМ живот за Македонија речиси сите планови се реализирани, рече на потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Делчево..
 
-Многу често ги споменуваме приоритетите од 2016, но треба да ни биде јасно, нашата држава не е истата, напредна е слободна со добар економски развој и има перспектива и иднина. Тогааш излегувавме од состојба на режим, од Груевски, Мијалков, се се вртеше околу слободата и демократијата, се боревме за тоа за да можеме денеска да разговараме слободно. И навистина ни е пркос што по 11 години  ја гледаме нашата земја дека граѓаните се слободни, может да ја критикуваат власта и да каже што се допаѓа и не допаѓа, рече Спасовски.
 
Тој потсети дека во 2016 се барале реформи во правосудството, земјоделието, платите, земјоделците и ако погледнеме сите овие проекти ги резиларвме.
 
-Ги зголемивме платите на наставниците, здравството, во безбедноста и одбраната, се укина екстерното тестирање, укинавме радиотифузна такса, ја вративме ефтината електрична  енергија, рече Спасовски.
 
Тој рече дека владата предводена од СДСМ успешно ја менаџираше кризата за пандемијата.
 
-Бевме држава без собрание со вонредна состојба на државата и тогаш рековме врвен приоритет е животот и здравјето на граѓаните, да бидеме солидарни и да го направиме се во заедништво. Обезбедивме шест пакети на пддршка, дадовме помош од 62 милијарди денари на компаниите и граѓаните. Спасивме околу 100.000 работни места, обезбедивме финансиска подршка на турзмот, пензионерите, државата буквално не застана, за нас граѓаните секогаше се приоритет, посочи Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК