За четири години ги реализиравме сите проекти за кои се обврзавме дека ќе ги реализираме, истакна потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на граѓанската трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Делчево.
– Ја зголемивме минималната плата, воведовме државна социјална пензија, ја зголемивме социјалната помош, ја укинавме радиодифузната такса, ја вративме евтината тарифа на струјата, ги зголемивме платите на сите административни службеници, а посебно внимание посветивме на здравството и денеска гледаме колку бевме во право.
Оваа здравствена криза ни покажа колку е важно да се вложува во здравство, безбедност, одбрана во време кога не е криза, нагласи Спасовски.
Тој истакна дека врвен приоритет во време на најголемата здравствена и економска криза ни беше да го сочуваме здравјето и животите на граѓаните да помогнеме колку што можеме на сите, да бидеме солидарни, во едно заедништво и да ни се врати чувството на припадност што го загубивме во 11 години.
Реализиравме шест пакети мерки, во вредност од 62 милијарди денари, спасивме 100.000 работни места, десетици илјади фирми, им помогнавме на младите пензионерите, угостителскиот и туристичкиот сектор. Инвестиравме многу и во Делчево и во целиот Исток, низ целата држава и ќе поддршката ќе продолжи. Заедно со вас ќе ја одбереме најдобрата понуда за Делчево, рече Спасовски
Ние сме тука да работиме во интерес на граѓаните и така ќе продолжиме, порача потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на граѓанската трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Делчево.