Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Горан Герасимовски поднесе кандидатура за градоначалник на општина Центар

Општина Центар го претставува урбаното јадро на Градот Скопје, а со тоа ја носи и одговорноста да биде пример за сите останати општини. Мојата замисла за урбана општина значи повеќе зеленило, урбани катчиња, повеќе паркинг места, современи училишта и градинки во кои ќе има слободни места за секое дете. Како жител на општина Центар но и како претседател на СДСМ Центар одблизу го следам развојот на општината и водејќи се од моите сопствени потреби како граѓанин сметам дека во општината недостасуваат проекти кои ќе ја зголемат нејзината функционалност но и ќе донесат позитивни промени кои ќе го олеснат и подобрат животот на центарци. Тие промени беа и мотивот заедно со кандидатурата за градоначалник на општина Центар да поднесам и програма за развој на општината.

Гледам многу причини заедно со граѓаните да ги поставиме вистинските цели и вредности во општината. Ќе поставиме функционални системи за партиципативно владеење и наместо да зборуваме за транспарентност и отчетност ќе преземеме конкретен чекор – политиките ќе ги носиме со граѓаните за нас граѓаните.

И да, за да ги поставиме темелите, вредностите, проектите, визиите да го добијат своето значење потребно е многу труд, време и енергија но тоа е мојата желба, општината во која израснав и ги воспитувам своите деца да биде пример на задоволни жители.

Верувам дека заедно и обединети повторно ќе извојуваме уште една голема победа и верувам дека можеме уште подобро. Центар го може и го заслужува тоа.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК