Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

123 санкционирани возачи на мотоцикли на територијата на цела држава

Во текот на вчерашниот ден (05.07.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 123 возачи. Од нив, 31 возеле без возачка дозвола, 70 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, четири мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБЛАЦИ И ДОЖД ОВОЈ ВИКЕНД, А ОД ВТОРНИК И ЗА ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Синоптичарите објавија четиридневна прогноза

ДЕСК

Пукање во Скопје: 15 годишник нападнат од двајца малолетници, едниот извадил пиштол – репетирал и пукал

ДЕСК

Хорор во Скопје: Три малолетнички нападнати, тепани и снимани со мобилен телефон од четири женски лица

ДЕСК