11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Веќе се најавува 6G мрежата: „Врската помеѓу реалниот и дигиталниот свет“

Иако 5G беше главната тема во последната година и пол, сега луѓето веќе започнаа да зборуваат за мрежата 6G.

Во САД, 5G мрежата сега е главната и целата земја е покриена со новата мрежа. 5G напредува и низ целиот свет, што го гледаме кај ефтините паметни телефони и колку брзо созрева безжичната технологија.

Не сме ни почнале да се навикнуваме на 5G, а веќе се зборува за 6G мрежа.

Секоја мрежа трае околу една деценија, поточно секоја нова генерација, па затоа е рано да се очекува дека 6G мрежата ќе се појави на крајот на оваа деценија.

Сепак, веќе се развива а и се зборува за тоа, бидејќи научниците се состанаа на „Мобилниот светски конгрес“ и разговараа за развојот на таа мрежа и за тоа како ќе се одвива.

Тингфанг Џи, директорот на „Qualcommа“ и човек кој има повеќе од 800 патенти под неговото име, рече дека ќе можете да ја почувствувате 6G, а и дека мрежата ќе ја чувствува вашата околина.

6G ќе биде далеку побрза од 5G и ќе биде врска помеѓу реалниот и дигиталниот свет, така што вашиот телефон ќе знае сè што се случува околу вас во даден момент, вели Џи.

Тој мрежата ја нарече радар и нагласи дека чувството ќе биде далеку помоќно отколку порано.
Фреквенцијата на 6G мрежата ќе биде 1.000 пати побрза од гигахерците.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Нема веќе високи казни за сообраќајни прекршоци – Најниската казна ќе биде 900 денари

CENTAR MKD