Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Казни за 218 возачи на мотоцикли на територијата на целата држава

218 возачи на мотоцикли добиле казни по спроведената зајакната акциска контрола на територијата на целата држава.

Од нив, како што информира МВР, 59 возеле без возачка дозвола, 127 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, седум мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани имало и за други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови информираат од полицијата и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК