6. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

33 санкционирани возачи за затемнети стакла и флешери

Во периодот од 28.06.2021 до 04.07.2021 Министерството за внатрешни работи спроведе контрола за санкционирање на возила на кои се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла) и користење на уреди за светлосни и звучни знаци, при што санкционирани се 33 возачи. Од нив, 31 возило имало вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), а две возилa поседувале уреди за светлосни и звучни знаци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

25 санкционирани возачи за затемнети стакла

M T