23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Николовски од Охрид: За 4 години минималната и просечната плата пораснаа многу повеќе отколку за 11 години власт на ВМРО-ДПМНЕ

„Ја затекнавме минималната плата под 9 илјади денари, а денес е 15 илјади денари. До крајот на нашиот пандат ветувањето е дека таа ќе се искачи до 18 илјади. Тоа предизвика раст и на просечната плата, која ја затекнавме на 23 илјади денари, а денес е над 28 илјади денари. За четири години имаме раст од скоро 6 илјади денари на просечната плата, а во претходните 7 години таа порасна само 2 илјади денари“ рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ во Охрид.

Тој додаде дека споредбите со ВМРО-ДПМНЕ покажуваат значителен успех на Владата во секое поеле.

„За 11 години тие рехабилитираа и изградија 600 километри патишта, додека ние за 4 години имаме модернизација, изградба и рехабилитација на над 1000 километри патишта. За 11 години тие изградија 45 градинки, а сега за 4 години се изградија 59 градинки и очекуваме до крајот на годината да бидат пуштени уште 13“ потенцираше Николовски.

Тој додаде дека разликата помеѓу понудата на СДСМ и другата страна се огромни и дека СДСМ за овие избори ќе ја има најмодерната и најразнолика коалиција која ќе се надоврзи на се што е досега направено.

„Внимателно ги селектираме кандидатите и програмите за престојните локални избори. Ќе го прашаме членството, но и јавноста за сите кандидати и нивните програми и визии за тоа како треба да изгледа нивната општина. СДСМ ќе продолжи на терен, заедно со граѓаните да ги пишува програмите, да ги детектира приоритетите и проблемите и ќе продолжиме да работиме само и само во интерес на граѓаните“ рече Николовски.