16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Николовски од Охрид: Сите светски државници испратија порака за рејтингот и угледот на државата

„Сите светски државници од Охрид испратија јасна порака за тоа колку се големи рејтингот, позицијата, угледот и кредибилитетот на државата. Од изолирана држава во која што ниту државниците доаѓаа, ниту пак нашите функционери одеа со години станавме земја во која светсктие државници ни искажуваат почит“ рече генералниот сектар на СДСМ Љупчо Николовски на граѓанската трибина „Најдоброто за нашата општина“ која се одржа во Охрид.

„Поминавме многу кампањи и изборни циклуси во кои се зборуваше за НАТО и ЕУ, но тоа никако не се случуваше. Никоако не доаѓаше генерација која со храбри одлуки ќе го направи тоа шт ое клучно за иднината на државата. Благодарение на храбрите одлуки ја остваривме стратешката определба и денес сме на иста маса со 29 други земји членки во најелитниот, најбезбедниот и најмодерниот политичко-воен сојуз во светот“ рече Николовски.

Тој додаде дека токму во Охрид светсктие државници и дипломати ја испратиле пораката дека земајва направи се за започнвуање на преговорите за членство во Европската Унија.

„Направивме се и тоа е потврдено од сите претставници на меѓународната заедница. Поддршката потврдува ддека ветеното сме го исполниле, дека нашите обврски се завршени. Исто така исправиме порака дека македонскиот идентитет и јазик се заштитени со секоја одлука и секој договор. Тие не се ниту на пазар, ниту ќе бидат предмет на преговори и тоа им е јасно на сите“ рече Николовски.

Тој додаде дека не било лесно од изолирана и затворена држава, окупирана од една фамилија и криминална банда да се ослободиме и да станеме членка на НАТО.

Спонзорирано: