18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Филипче од Охрид: Ни треба масовна вакцинација за да имаме здрава нација

Мора да имаме масовна вакцинација, апелирам сите да се вакцинирата, да укажете, потребна ни е здрава нација за да може здравствениуот систем да прави рана дијагноза за други болести. Здрава нација значи и инвестиции. Да останат младите во земјата и тие што заминале да се вратат, рече потпретседателот на СДСМ и министер за здравство, Венко Филипче.
.
 
-СДСМ вложува во социјална и детска заштита, градинки, училишта, плати, пензии, стечајни работници го слушаме гласот на граѓаните и сакаме да ги решиме сите проблеми. Го решивме проблемот со едукацијата на медицинските сестри, од септември ќе им биде признаено и платено така како што заслужуваат, покажаа што значи пожртвувана  деноноќна работа за време на овој период. зГи унапредивме сите  вакцини, како во најравиените земји, нема пациент за кој нема лек, сега има најквалитетен инсулин. Инвестиравме таму каде шшто е најпотребно, инвестиравме во луѓето, но инвестиравме и во опремата, Охрид доби најсовремен центар за децата со аутизам, регионален центар, со најсовремена заштита, модуларна болица со 100 пациенти, а следната недела доаѓа рендген апарат, ехо апарат, заради тоа што Охид е најсовремен центар на кардиолошки болни, благодарение на експертизара и лекарите. Во св Еразмо ќе се отвори базен за најкомплексни ортопедски интервенции, како и апарат за магнетна резонанца.

Тој потсети дека се зголемија платите  на лекарите специјалисти од 60 илјади денари на 85.000 и 160.000 денари, за медицинските сестри од 19.000 сега платите се над 33.000 денари, младите лекари им е понуден платен работен стаж од 30.000 денари.

-Покажавме пожртвувана и тимска работа, да се биде одговорна и транспарентна власт. Не дозволивме ни еден пациент да остане без болнички третман, а тоа значи и лекарите кои се вистински херои во овој град и во земјава, рече тој.