Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

„Американската демократија е инспирација за сите“ – честитка од Заев за Денот за независноста на САД

Соединетите Американски Држави денеска го прославуваат 4 Јули, Денот на независноста, ден со кој се одбележуваат 245 години од усвојувањето на Декларацијата на независноста.

По тој повод, премиерот Зоран Заев упати честитка во која наведе дека традицијата на американската демократија е водилка и инспирација за сите прогресивни демократии во светот.

„Како стратешки партнер на САД, Северна Македонија е посебно горда што од 2020 година, Северна Македонија и САД се сојузници и во НАТО, најсилната воено-политичка алијанса во историјата на светската цивилизација. Од нашата независност до денес, нашата држава во САД има голем и посветен партнер и поддржувач и секогаш кога земјава беше ставена пред сериозни предизвици, имавме помош и поддршка за заедно да ги надминеме премрежјата и проблемите со бевме соочени“, наведува Заев во честитката.

Понатаму се додава дека нашите граѓани денес уживаат поголеми слободи и права, во постабилна, побезбедна и попросперитетна држава и заради нашето партнерство и сојузништво со САД, и заради поддршката што земјата континуирано ја добива низ разните програми за поддршка на развојот на нашата демократија и институции.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК