Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Блокадата на ВМРО-ДПМНЕ на ребалансот на Буџетот е блокада за повеќе пари за здравство, образование и социјална заштита

Блокадата на ВМРО-ДПМНЕ на ребалансот на Буџетот е блокада за повеќе пари за здравство, образование и социјална заштита, реагира владејачкиот СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски продолжуваат да работат против интересите на граѓаните и државата.

Тоа што Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ упорно не ја закажува седницата на Комисијата за финансирање и буџет на која треба да се расправа за ребаланс на Буџетот за 2021 година, потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ е против мерките што обезбедуваат економски раст и повеќе пари кај граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ е против повеќе пари за активни мерки за вработување, кои се предвидени со ребалансот на буџетот.

ВМРО-ДПМНЕ е против повеќе пари за образованието, за социјалната заштита, за здравствоти и за зголемување на платите во неколку сектори.

Покрај ова, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е и против намалување на ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 отсто што се покажа кога пратениците на оваа партија не гласаа ЗА усвојување на потребата од скратена постапка при носењето на измените на Законот за додадена вредност.

Додека СДСМ се грижи за граѓаните, за економијата, ВМРО-ДПМНЕ прави се за да ги кочи мерките и политиките што го подобруваат животот на граѓаните.

Тоа граѓаните го гледаат и го ценат и затоа веќе на локалните избори ќе му испорачаат нов пораз на нереформираното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК