24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Блокадата на ВМРО-ДПМНЕ на ребалансот на Буџетот е блокада за повеќе пари за здравство, образование и социјална заштита, Мицкоски продолжува да работи против граѓаните

– ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски продолжуваат да работат против интересите на граѓаните и државата, велат од СДСМ.

– Тоа што Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ упорно не ја закажува седницата на Комисијата за финансирање и буџет на која треба да се расправа за ребаланс на Буџетот за 2021 година, потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ е против мерките што обезбедуваат економски раст и повеќе пари кај граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ е против повеќе пари за активни мерки за вработување, кои се предвидени со ребалансот на буџетот.

ВМРО-ДПМНЕ е против повеќе пари за образованието, за социјалната заштита, за здравствоти и за зголемување на платите во неколку сектори.

Покрај ова, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е и против намалување на ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 отсто што се покажа кога пратениците на оваа партија не гласаа ЗА усвојување на потребата од скратена постапка при носењето на измените на Законот за додадена вредност.

Додека СДСМ се грижи за граѓаните, за економијата, ВМРО-ДПМНЕ прави се за да ги кочи мерките и политиките што го подобруваат животот на граѓаните.

Тоа граѓаните го гледаат и го ценат и затоа веќе на локалните избори ќе му испорачаат нов пораз на нереформираното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Мицкоски, велат од СДСМ.