Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

212 санкционирани возачи во Скопје, 51 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 212 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 51 санкција, 36 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 13 за возење без возачка дозвола.

Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, пет за возење под дејство на алкохол, пет за непрописно престројување, 60 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ ВЛОШУВА: Денес пороен дожд, грмежи и силен ветер во повеќе делови

ДЕСК

ТЕТОВЕЦ ПРИВЕДЕН ПО ОБИД ЗА РАЗБОЈНИШТВО: Со пиштол барал пари во угостителски објект – бил пијан

ДЕСК

ПО СОНЧЕВИТЕ ПЕРИОДИ ДОАЃА ПРЕСВРТ: Следува НЕВРЕМЕ проследено со дожд, грмежи и засилен ветер

ДЕСК