22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Вицепремиерот Битиќи во Економски магазин на Алсат телевизија – Северна Македонија може да биде енергетски хаб на Балканот

Преку развој на енергетскиот сектор Северна Македонија многу брзо може да прерасне во енергетски хаб на Балканот. Тоа е возможно преку диверзификација на изворите на енергија, односно создавање алтернативни и еколошки извори на енергија со кои нашата економија ќе ја подобри својата конкурентност но и трајно ќе го реши проблемот со енергетското загадување, нагласи при своето гостување во емисијата „Економски магазин“ која се емитува на Алсат телевизија, Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Вицепремиерот ја истакна важноста на сопственичкото учество на нашата земја во Александропулос гас терминалот, со што Северна Македонија ќе создаде нова енергетска перспектива и можности за замена на старите нееколошки извори на енергија.

„Нас ни е потребна зелена, еколошка енергија за чие производство не се користат горива кои загадуваат, како и постепено намалување на изворите на енергија кои се загадувачи“, посочи Битиќи.

Заменикот на Претседателот на Владата ја истакна и важноста на Коридорот 8 и железничкото поврзување со Бугарија и со Албанија како евтин алтернативен транспорт, кој значително ќе ја подобри конкурентноста на македонските компании, кои сега користат алтернативен авионски или бродски транспорт кој е многу поскап.

„Нашата иднина е во развојот на човечките ресурси, подобрување на транспортната инфраструктура и во развивањето на алтернативни зелени извори на енергија. Само така Северна Македонија може да креира дополнителна вредност и да има долгорочен одржлив развој“, потенцираше вицепремиерот Битиќи во последната емисија за оваа сезона на „Економски магазин“ на Алсат телевизија.

Можеби ќе ве интересира

Битиќи на конференцијата на ОЕЦД: Младите треба да имаат место на масата, нивниот глас мораме да го слушаме кога носиме одлуки за нивната иднина

M T

Битиќи од глобалната конференција за програмирање на Зелениот климатски фонд во Јужна Кореја: Од зависност, кон меѓузависност, соработката и солидарноста е нашиот пат напред и успех во справување со климатските промени

M T

Битиќи на МЕФ22: “Спремни сме да направиме социјално праведна енергетска транзиција што ќе ни донесе енергетска безбедност и диверзификација”

M T

Битиќи и Лорковски: Северна Македонија е усогласена со европскиот план за диверзификација и праведна транзиција од фосилни кон обновливи извори на енергија

M T

Битиќи со Сојузот на синдикати: Владата е согласна дека треба и ќе има покачување на минималната плата

M T

Битиќи: Продолжуваме со поддршка на домашната економија

M T