Centar.mk
ТЕМАМОЗАИК

Топлината исто така бара дополнителна хигиена: Еве колку често треба да се мие постелнината во лето

Во лето, треба почесто да ја миете постелнината, особено чаршафите и навлаките за перници.

Туширањето пред спиење може малку да помогне, но ако сакате да ги намалите непријатните мириси и бактерии, најдобро е да ја миете постелнината на секои три до четири дена.

Жешките летни месеци со себе носат неподнослива топлина и влага. Ова доведува до прекумерно потење, дури и кога спиеме.

Општо земено, чаршафите и перниците треба да се мијат најмалку еднаш неделно, според експертот за токсини во околината Тони Харис.

– Постојат неколку различни причини зошто треба почесто да ја миете постелнината во текот на летото. Како прво, очигледно е дека повеќе се потиме, што може да доведе до појава на многу бактерии и непријатни мириси. Но, згора на тоа, додава таа, алергените како поленот можат да влезат во домот, така што почестото миење на постелнината ќе помогне во намалување на алергените (и грините) што може да предизвикаат непријатни симптоми, објасни таа.

Поради сето ова, таа препорачува почесто миење чаршави и навлаки за перници во текот на летото, ако можете на секои три или четири дена!

Можеби ќе ве интересира

Дневен хороскоп за 9-ти јануари 2026 – Овој ден открива кој добива шанса а кој мора да донесе тешка одлука

ДЕСК

Еден хороскопски знак добива тајна шанса токму во чевтрток – Дневен хороскоп за 8-ми јануари 2026

ДЕСК

Дневен хороскоп за седми јануари – Оваа среда носи порака што не смееш да ја игнорираш

ДЕСК