8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Апел за oдговорно користење на канализацискиот систем

ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до сите корисници на услугите на претпријатието, односно на канализацискиот систем, во него да не одлагаат отпадни материјали кои не се подлежни на разложување (како влажни марамици, најлони…),предмети од домаќинствaта и кабаст отпад, со цел заштита на системот, негованормална функционалност и превенција од затнување и излевање на отпаднатавода. „Во текот на мината ноќ, екипите на секторот Канализација, на ул. Индира Ганди, воШуто Оризари, работеа на чистење и одзатнување на главна фекална канализациска линија, со дијаметар на цевка 250мм, полна со шут, песок, текстилниматеријали, влажни марамици… За одзатнување на мрежата беа ангажирани двецистерни (под притисок и вакуум) и вакуум пумпа со голема моќност. Апелираме ваквото неодговорно однесување да се запре за доброто на сите корисници, како и заштита на средината во која живееме. Опасноста од ваквото однесување не е закана само за канализацискиот систем, туку е и закана по животната среднина и здравјето на луѓето, особено во период на зголемени дневни температури“ –истакнаа од сектор Канализација. Апелираме граѓаните да се однесуваат одговорно кон селекцијата на отпадот, негово рециклирање и правилно одлагање. Апелираме граѓаните за одлагање на кабастиот отпад да се обратат до општинските комунални служби или до ЈП Комунална хигиена.

Можеби ќе ве интересира

Куферот пред штабот на ВМРО ДПМНЕ бил празен

ДЕСК

Ацевски: Ревизија на сите ДУП-ови во Ѓорче и забрана за градење на висококатници!

ДЕСК

Каранфиловска Пановска: СДСМ и Методија Куновски имаат одговори за економскиот развој и создавање подобри услови за компаниите во Битола

ДЕСК