23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ се на штета на енергетиката, екологијата и здравјето на граѓаните

– Стана редовна пракса ВМРО-ДПМНЕ да го кочи секој развоен национален проект. Не може да има ефективни зелени политики без инвестиции и без парисе вели реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ

– Наместо ВМРО-ДПМНЕ да даде свој придонес за зелената агенда, тие повторно се закануваат со блокади.

Правдањето на блокадата на еколошките такси прави штета на најважното, здравјето на граѓаните.

Зелената агенда е стратешки интерес од витално национално значење која чини средства, кои порано или подоцна државата ќе мора да ги обезбеди доколку сака да ги исполни светските стандарди за заштита на животната средина.

ВМРО-ДПМНЕ го блокира и законот за нов Клинички центар со небулозни обвинувања, иако знае дека нова државна клиника е повеќе од потребна.

Држат пресови за здравство, а потоа во собраниските клупи стават сопка на најважниот проект за здравствениот систем во државата. Но тоа е ВМРО-ДПМНЕ и тоа се нивните познати деструктивни методи и затоа нека не се чудат што ги чека уште еден убедлив пораз на локалните избори, велат од СДСМ