Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пронајдени хероин и марихуана во Кичево, приведени две лица

Во куќа во Кичево полицијата пронајде хероин и марихуана, приведени се две лица.

Според информациите на МВР, вчера во 21.45 часот на ул. „29 ноември“ во Кичево полициски службеници запреле возило „сааб“ со кичевски регистерски ознаки, управувано од Ф.М. (40), а сопатник бил П.Ј..

При преглед кај нив е пронајден хероин, марихуана, пиштол марка „Зораки“ и еден куршум. По издадена судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории на Ф.М. во Кичево и притоа пронајден е хероин, марихуана и дигитална вага кои биле ставени во метална канта закопана во дворот на Ф.М..

При извршениот претрес вкупно се пронајдени околу 1,7 килограми марихуана и околу 160 грама хероин.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Непристојно е да се навредуваат професори, Владата е пријател и поддржувач на студентите

ДЕСК

Кузеска: Молкот на Обвинителството за Алта банка отвора сомнеж дека се штити Мицкоски

ДЕСК

Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на секој инвестициски проект што ќе придонесе за економскиот развој на Македонија

ДЕСК