Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претседателот Пендаровски во официјална посета на Република Хрватска

Претседателот Стево Пендаровски, утре и задутре ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Хрватска, информираа од неговиот кабинет.

Утре во Загреб, претседателот Пендаровски со државни и воени почести ќе биде пречекан од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, по што ќе се одржат тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на Република Северна Македонија и Република Хрватска.

Претседателот Пендаровски ќе оствари средби и со претседателот на Парламентот на Република Хрватска, Гордан Јандроковиќ и со претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ.

Во четврток, според најавите, Пендаровски ќе се обрати на билатерална деловна средба – со фокус на инвестиции, која се организира во соработка со Хрватската трговска комора, а на која ќе присуствува и македонска бизнис делегација.

За време на официјалната посета на Република Хрватска, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од неговата сопруга, Елизабета Ѓоргиевска.

Можеби ќе ве интересира

НОВ МОДЕЛ НА СТУДЕНТСКО СТИПЕНДИРАЊЕ: 3.000 СТИПЕНДИИ, ПОВЕЌЕ МОЖНОСТИ И ПОДДРШКА ЗА СТУДЕНТИТЕ

ДЕСК

22 состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Европската Унија и Република Северна Македонија

ДЕСК

ПРВО ВИКАЛ И СЕ ОДНЕСУВАЛ АГРЕСИВНО, ПА ГО ОШТЕТИЛ „ФОРДОТ“ – Ноќен инцидент во Охрид

ДЕСК