Centar.mk
SHOWBIZ

„Ф9“ постави нов пандемски рекорд на киноблагајните во Северна Америка со импресивно деби од 70 милиони долари

Хит серијалот „Брзи и бесни“ ја притисна педалата за гас со своето деветто продолжение „Ф9“ рушејќи ги рекордите на боксофисот на пандемската ера во првиот викенд.

Продолжението со Вин Дизел во главната улога заработи неверојатни 70 милиони долари на северноамериканскиот боксофис, според „Вараети“.

Акциониот филм се чини дека пристигна во идеално време имајќи предвид дека Американците продолжуваат да се вакцинираат против коронавирусот и многу киносали повторно се отвораат низ САД по долгата пауза.

„Храбрата одлука што ја донесовме да го одложиме F9 една година беше апсолутно исправна“, изјави претседателот на „Јуниверзал“ за домашна дистрибуција Џим Ор. „Нашето издание ги запали домашните киноблагајни и го постави пазарот за одлично лето“, додаде тој.

Најновиот пандемиски рекорд го држеше научнатата фантастика хорор филм A Quiet Place Part II, кој во првиот викенд заработи 48,3 милиони долари.

Можеби ќе ве интересира

Џесика Алба мора да му плати на својот поранешен сопруг повеќе од половина милион долари

ДЕСК

Големо телевизиско враќање: Димитар Атанасовски со ново шоу  на Телма – „Нека биде наше“

ДЕСК

ДВЕ РАСПРОДАДЕНИ ВЕЧЕРИ, ЕДНА ЗАЕДНИЧКА ПОРАКА: Екотип и Дарко Рундек, „Хаустор“ и екипа за бистрите извори

ДЕСК