Centar.mk
МЕТЕО

Сончево и топло време со температура до 39 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени, информира УХМР.

Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје, сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Продолжува периодот на сончево и многу топло време, од утре повторно со температури до 40-тиот степен. Од средината на работната седмица ќе има услови за краткотрајна попладневна локална нестабилност.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч И НАГЛА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Следува пад на температурите, еве што нè очекува

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 70 КМ/Ч И ТЕМПЕРАТУРИ ДО 22 СТЕПЕНИ – Од сабота пристигнува постудена воздушна маса, се очекува заладување

ДЕСК

ДЕНЕСКА ОБЛАЦИ, СОНЦЕ И ДОЖД – УХМР објави какво време нè очекува до крајот на денот

ДЕСК