23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Бочварски од Дебар: Наместо во споменици, СДСМ инвестира во патишта

Ние сме тука да го слушнеме вашиот глас за да ги развиваме политиките подобро и да овозможиме побрз раст и развој, рече на трибината „Најдоброто за нашата општина“, Претседател на комисијата за транспорт и врски и министер за транспорт и врски, Благој Бочварски.

-Продолжуваме по патот на развојот и не застануваме овде, доаѓајќи наваму видов дека булеварот во Дебар е веќе направен, целосна инвестиција на оваа Влада, а реализирана преку „Македонија пат“, нешто што сами ќе посведочите дека не било допрено со години, рече тој

Бочварски посочи и дека на патот кон Дебар, еден од клучните патни правци во државата, меѓу Маврови Анови и Жировница, патен правц кој од неговата изградба до денес не бил рехабилитиран, денеска темелно се рехабилитира со инвестиција од над шест милиони денари.

-Се поправаат мостовите кои буквално беа пред рушење, токму затоа решивме наместо во споменици да инвестираме во патишта, на тој начин ќе го задржиме населението овде, за да го направиме животот полесн и подобар, за да можеме да донесеме инвестиции, знаете дека за бизнис заедницата особено е важна патната инфраструктура, странците и граѓаните од дијаспората нема да сакаат да се вратат ако постојано ги разочаруваме, посочи Бочварски.

Тој рече дека рехабилитиран е и патот кон Лазарополе до Гарски мост, а се планира рехабилитиација и на патот од Извор до Гарски мост кон Кичево.
– И не застануваме овде и кога ќе не прашаат од ВМРО-ДПМНЕ што направивте за четири години, ние за тие години изградивме и рехабилитиравме патишта преку 1000 километри за разлика од вас што за 11 години изградивте и рехабилитиравте само 650 км патишта, рече Бочварски.