Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Бочварски од Дебар: Градежниот сектор е стабилен, и покрај пандемијата не отпуштивме ниту еден работник

По спласнување на пандемијата, можеме да кажеме дека градежниот сектор остана стабилен и го преживеа ударот на пандемијата, не отпуштивме ниту еден работник, градиме патишта, градинки, училишта, парите ги инвестираме таму  каде е најпотребно, рече на трибината „Најдоброто за нашата општина“, Претседател на комисијата за транспорт и врски и министер за транспорт и врски, Благој Бочварски.\
-Локални улици и патишта е проект на Владата вреден 70 милиони евра за да се вложат во локалните средини каде е најпотребно да се инвестира, еве општина Дебар има 700 евра на располагање и веќе имаат аплицирано до Министерството за транспорт и врски за три улици што ќе се рехабилитираат во наредниот период, посочи Бочварски.
Според Бочварски овој проект треба да се рехабилитираат 450 градски локални улици и патишта.

-Ние не сме партија која доаѓа да ги слушне вашите идеи само пред избори, ние сме постојано со вас и затоа сме фаворити на сите анкети, така ќе ја испратиме пораката дека ова е вистинскиот пат, сакаме да одиме напред, во ЕУ кај најсилните, продолжуваме понатаму заеднички, рече тој.

Тој потсети дека СДСМ како партија го исполни ветувањето, и земјата е веќе дел од НАТО.

-Ветивме дека ќе влеземе во НАТО и затоа денеска државата е безбедна и сигурна, со другата власт никогаш немаше да имаме сигурни граници, рече Бочварски..

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК