Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Приведен човек од Битола, при претрес му биле пронајдени 56 илјади евра без доказ за потекло

Вчера на Граничниот премин Делчево, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Д. од Битола затоа што при пасошка контрола било констатирано дека се наоѓа на стоп листата поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик.

Според полицијата, при преглед во неговото возило „бмв“ со бугарски национални ознаки биле пронајдени и 56.200 евра без доказ за потекло.

Возилото и парите биле предадени на Царинската управа, а лицето било приведено.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија надлежните.

Можеби ќе ве интересира

Променливо облачно време со температура од 11 до 18 степени

C +

СДСМ: Владата избра луксуз за себе наместо покачување на платите на работниците

C +

Снег на Попова Шапка, магла на одредени патни правци, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови

C +