Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МВР излезе со официјални детали за инцидентот со српскиот автобус во кој се превезувале руски туристи

На 26.06.2021 во 09.10 часот во Полициската станица Центар, С.К.(47) од Република Србија пријавил дека во периодот од 19.20 часот на 25.06.2021 до 07.30 часот на 26.06.2021 непознат сторител со тврд предмет оштетил возачко стакло на автобус со српски национални ознаки, сопственост на превозно претпријатие од Бачка Паланка, Србија, кој тој го паркирал на паркинг простор на ул.„Филип Втори Македонски“.

Според пријавеното, освен оштетување на стаклото, сторителот не одзел ништо од автобусот. Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходно српските медиуми излегоа со информација дека автобусот всушност превезувал руски туристи кои биле сместени во хотел, а притоа им биле украдени и лични предмети.

Можеби ќе ве интересира

Гореше автомобил со скопски таблички

ДЕСК

Тешка сообраќајка во Скопје: Со сеат удрил во три паркирани возила, во три контијнери, а потоа во кола во движење за на крај да се забие во семафор и друго возило

ДЕСК

Тешка сообраќајка на патот Штип- Кочани, има повредени

ДЕСК