22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Вицепремиерот Битиќи и министерот Бесими на седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог: Формираме посебен фонд за средствата од еколошка такса со кој ќе обезбедиме подобри услови за зелен развој

Во рамките на континуираниот процес на дијалог и дискусија помеѓу Владата и преставниците на бизнис секторот, денес во Владата на Република Северна Македонија се одржа редовна седница на Комисијата за јавно приватен дијалог со која ко-претседаваше Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, а присуствуваа и министерот за финансии Фатмир Бесими, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, директорот на Бирото за јавни набавки, Борче Хаџиев, државната секретарка во Министерството за економија Размена Чекиќ Дуровиќ и претседателите и извршните директори на стопанските комори, членки на Платформата за јавно-приватен дијалог (Стопанска комора на Северна Македонија, Сојуз на стопански комори, Стопанска комора на Северозападна Македонија и МАСИТ).

На денешната седница се разгледуваа повеќе актуелни економски теми, кои се во интерес на стопанството и економскиот развој на Република Северна Македонија.

Вицепремиерот Битиќи и министерот Бесими го претставија концептот за воведување на еколошка такса на нафтени деривати, при што посочија дека еколошката такса се воведува како механизам за прибирање на средства за преземање на мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина, кои ќе бидат во посебен фонд за овозможување на зелен развој на државата. Објаснето е дека висината на еколошката такса од дериват до дериват се разликува и дека најголема такса се планира за деривати кои и најмногу ја контаминираат животната средина како што се бензинот, дизелот, екстра лесното масло и маслото за горење (мазут), за кои таксата ќе изнесува по 3,5 денари по литар, додека за безоловниот бензин, таксата изнесува 3,1 денари.

Заштитата на животната средина и овозможување на зелен и одржлив развој е еден од врвните приоритети на Владата на Северна Македонија и токму во таа насока средствата во ќе се прибираат во посебниот фонд, а кои на годишно ниво би изнесувале околу 50 милиони евра, ќе се насочат токму во еколошки проекти.

Претставниците на Владата и на бизнис секторот разговараа и за одредени аспекти од Законот за јавни набавки, особено што се однесуваат за третманот на ИКТ набавките, како и за можности за поместување на рокови за извршување на договорни обврски, поради актуелните случувања со корона кризата.

На состанокот директорката на Управата за Јавни Приходи, Сања Лукаревска, зборуваше за процесот на враќање на средствата кои што компаниите ги добија во повеќе турнуси како поддршка за исплата на плати од антикризните пакети мерки, а кои не ги исполниле условите добиените пари да се претворат во грант според законот, со детален опис како УЈП го спроведува и администрира целиот процес.

Вицепремиерот Битиќи, министерот Бесими, претставниците н државните институции и стопанските комори и на оваа седница заклучија дека комуникацијата помеѓу јавниот и приватниот сектор е на особено високо ниво и дека овој отворен дијалог треба да продолжи со иста динамика за унапредување на условите за водење на бизнис, а со тоа и овозможување на побрз и одржлив економски раст и развој.

Можеби ќе ве интересира

Битиќи на конференцијата на ОЕЦД: Младите треба да имаат место на масата, нивниот глас мораме да го слушаме кога носиме одлуки за нивната иднина

M T

Битиќи од глобалната конференција за програмирање на Зелениот климатски фонд во Јужна Кореја: Од зависност, кон меѓузависност, соработката и солидарноста е нашиот пат напред и успех во справување со климатските промени

M T

Владата ќе ја одржи 79-та седница

M T

Премиерот Ковачевски ќе присуствува на седницата на Советот за безбедност

M T

Ангеловска-Бежоска и Бесими: Системскиот Закон за платежни услуги и платни системи стапува во сила на почетокот на следната година

M T

58-ма Владина седница: Претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел ја пренесе поддршката на ЕУ за почеток на преговорите со Северна Македонија; Усвоен дополнет Предлог-Буџет за 2022 година; предложен нов Закон за енергетика усогласен со прописите на ЕУ

M T