Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Турски државјанин осомничен за обид за убиство во скопската чаршија

Скопското основно јавно обвинителство ќе покрене истражна постапка против 30-годишен турски државјанин осомничен за обид за убиство во старата скопска чаршија.

Како што информираат од обвинителството, осомничениот на 23 јуни, пред кафе-бар во чаршијата, се обидел да лиши од живот едно лице, по претходна расправија и физичка пресметка.

Турчинот и уште неколку други неидентификувани лица дошле на локацијата и го нападнале оштетениот, удирајќи го со тупаници по главата и телото.

Во еден момент осомничениот извадил пиштол и упатил три истрели кон оштетениот, нанесувајќи му повреди во десната потколеница.

Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да влијае врз сведоци или да се обиде да го доврши кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување притвор.​​

Можеби ќе ве интересира

Следува сонце, па значителна промена на времето – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

Жерновски: ЕУ ја предупредува Македонија за влијанијата на Русија и СНС

ДЕСК

Мицкоски: Зголемен е процентот на странските инвеститори кои се задоволни од бизнис климата во државата и подготвени се да ја прошират својата инвестиција

ДЕСК