21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Намален бројот на лица кои лани починале од насилна смрт

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на умрените лица од насилна смрт лани е намален за 3,5 проценти во однос на претходната година и изнесува 438 умрени лица.

Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 1,7 отсто. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2020 година, како и во претходните години, поголемо учество имаат машките лица, и тоа 72.8 проценти.

Во вкупниот број случаи на насилна смрт, најголемо учество имаат несреќните случаи со 70.5 отсто, самоубиствата со 24 и убиствата со 5.5 проценти.

Во категоријата несреќни случаи на прво место се умрените лица од „други надворешни причини за случајна повреда“, со учество од 43.2 проценти во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.

Кај категоријата самоубиства на прво место се случаите кај кои смртта настапила поради бесење, странгулација и суфокација со учество од 16,7 проценти во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.

Во категоријата убиства на прво место се случаите кај кои смртта настапила поради обид за нанесување телесна повреда на неозначен начин со 3.0 отсто во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Коронавирусот и натаму коси, но во овие градови е најкритично

CENTAR MKD

Природниот прираст негативен – лани повеќе починати од родени

M T

Коронавирус дневна статистика: Починаа уште 7 лица, 16 се новозаразени

CENTAR MKD

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 23 пациенти, а вкупно се лекуваат 356 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД -19

CENTAR MKD

Црн ден: Нови 1182 заразени и 25 починати од коронавирус

CENTAR MKD