23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Астро аларм! Вечерва точно во 20:40 доаѓа полна Месечина во знак Јарец: Еве што треба да избегнете

Ви донесуваме астро водич како да ја „преживеете“ енергијата на полна Месечина во Јарец. Еве што треба да направите, а што да избегнете:

Никако не ги потиснувајте своите чувства. Во изминатиот период имавме ретрограден Меркур и две затемнувања, па можно е да сте биле под стрес и да сте имале негативни сензации. Сега е моментот да се ослободите, а не да ги потиснувате и криете.

Не ги одложувајте работите. Ретрограден Меркур одложи многу планови, но сега е моментот да ги остварите своите цели. Не се плашете да излезете од комфорна зона. Напорната работа се исплатува.

Не очекувајте веднаш да се исполни се што сте замислиле. Полната месечина од вас бара трпение и посветеност.

Медитирајте и преиспитајте ги сопствените вредности.

Кажете им на луѓето колку ви значат. Прегрнете ги, покажете разбирање. Љубовта ги победува сите препреки.

Повеќе време поминувајте во природа. Ќе ви помогне да воспоставите рамнотежа.