22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Денес невреме со силен дожд и можен град, од утре температури над 40 степени – еве какво време не’ очекува следните денови

Денес околу пладне и попладне ќе има локална појава на нестабилност која поради големата енергија во атмосферата ќе биде во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.

Од утре и во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината. Утре насекаде ќе бидат над 30, а во следните денови во повеќе места над 35 степени. Најтопло се очекува да биде во четврток и петок кога температурата на места ќе го надмине и 40-тиот степен.

Прогноза за 23.06.2021
Минимална температура: 13°C до 22°C
Максимална температура: 32°C до 40°C
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец УВ=9

Прогноза за 24.06.2021
Минимална температура: 13°C до 23°C
Максимална температура: 34°C до 41°C
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од северозападен правец УВ=9

Прогноза за 25.06.2021
Минимална температура: 13°C до 23°C
Максимална температура: 34°C до 40°C
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. УВ=9

Спонзорирано: