20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Анкета на реномираниот ИРИ: СДСМ ќе го победи ВМРО ДПМНЕ доколку сега се оддржат избори

Доколку денеска се одржат локални избори, граѓаните повеќе преферираат кандидати на СДСМ кои би освоиле 19% од гласовите, додека предложените кандидати од ВМРО-ДПМНЕ би имале поддршка од 16%. Трета партија, според рејтингот, би била ДУИ за чии кандидати би се одлучиле 8%, а зад неа се Алијанса за Албанците и Левица со поддршка од 4%. Вкупно 21% одговориле дека не знаат за кого би гласале, а 9% воопшто нема да гласаат.

Од политичките личности, Заев е прв според довербата на граѓаните но со пад од 13 на 10 проценти за една година. На второ место е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со 6 проценти доверба исто како и лани во февруари. Раст на личниот рејтинг имаат и изедначените Али Ахмети и Зијадин Села со по 5 проценти доверба, иако поголем раст има Села. Димитар Апасиев има раст на 4 проценти личен рејтинг на доверба, додека изненадувачки раст од 3 на 4 проценти има и бегалецот Никола Груевски. Следуваат претседателот Стево Пендаровски, изедначените Билал Касами и Венко Филипче. Најмногу анкетирани, 13 % рекле дека немаат доверба во ниту еден политичар. На прашањето пак кој од министрите најдобро ја врши својата работа Венко Филипче е веднаш зад Зоран Заев .

Спонзорирано: