9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАЛОКАЛНО

ГРАД СКОПЈЕ ЌЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 20.06.2021 година ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 21.06.2021 година терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци, односно:

1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 20.06.2021 (недела) и 21.06.2021 (понеделник),во раните утрински часови.

2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 21.06.2021 (понеделник) до 25.06.2021 (петок), во период од 22 до 03 часот, наредниот ден. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Со почит, Град Скопје

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Прилеп: Под превезот на лажниот патриотизам донесоа ослабена економија и поделена држава

ДЕСК

Какво ќе биде времето? – Метеоролозите ја објавија најновата прогноза

ДЕСК

Филипче од Прилеп: Патриотизам не е да создадеш лажна гордост, туку да обезбедиш услови луѓето да живеат гордо

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.