9.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Забрчанец: Време е за game-change, да го поддржиме автопатот на транспарентноста наспроти мрачните тунели на дезинформациите

„Ние сме на автопатот на одговорно комуницирање, наспроти дезинформаторите од мрачните тунели што имаат намера да предизвикаат штета на општеството“, истакна Националниот координатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец, на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Автопатот со факти, одговорност и решителност наспроти беспаќето на опасните дезинформации“. Тој вели дека охрабруваат јавните определби во стратешките комуникации што доаѓаат од НАТО, кои велат дека „не сакаме да бидеме препознаени против она што се бориме, туку сакаме да не знаат по она што го промовираме“. Забрчанец, во оваа насока, вели дека е време за промена на играта во јавниот наратив, па отсега треба дополнително да се промовираат вредностите зад кои стоиме, а не да се уважува моќта на дезинформациите.

Според него општествените чинители кои презеле одговорност и си зацртале дека ќе промовираат прогрес, факти, напредок, соживот, дијалог и разбирање мора многу повеќе да вложуваат во каузите „за“ отколку „против“.

– Темата денеска ме инспирира да презентирам идеи кои се можеби поразлични од она што сме навикнати да слушаме за хибридни закани, говор на омраза и лажни вести. Конечно гледам проактивност, поголемо „за“ наспроти помало „против“. Сите ние што сме општествено одговорни и се занимаваме професионално со информации, јавно комуницирање, односи со јавност предолг период сме заглавени во справување со негативни појави и влијанија како што се дезинформациите и заборавивме кои се работите што треба да ги промовираме., нагласи Забрчанец.

Тој додаде дека предолго се зборува за борбата против дезинформациите, справувањето со лажни напади, одбраната од хибридни закани, па се подзаборавило, како што вели, која е нашата демократска агенда.

– Сите ние кои застапуваме демократски вредности треба да обрнеме внимание за она ЗА, за да ги привлечеме граѓаните да бидат на оној автопат на добри нешта, наспроти темните канали на дезинформациите, заклучи Забрчанец.

Спонзорирано: