10.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Забрчанец: Ги охрабрувам медумските организации, тие можат многу повеќе во борбата со дезинформациите

„Дезинформациите се огромна опасност, но тие кои ги создаваат дезинформациите треба да се бават со нас, кои имаме прогресивна и јасна агенда, а ние да продолжиме да ги промовираме нашите демократски вредности“, истакна Националниот координатор за стратегиски комуникации, Марјан Забрчанец. Според него треба повеќе да се зборува за промоција на демократските вредности, отколку да се посветува време на уважување на дезинформациите.

– Ги повикувам сите општествени чинители, особено медиумските здруженија, затоа што можат многу повеќе да придонесат во промоција на одговорна комуникација, во справување со дезинформациите. Имаше забелешки зошто Владата иницирала борба против дезинформациите, но ние немаме намера да отстапиме од нашата одговорност пред граѓаните и да монополизираме, но ако никој не го прави тоа ќе го покренеме ние. Самата Европска унија креираше агенда за борба против дезинформациите, истакна Забрчанец.

Тој потсети дека Владата, на ова поле, континуирано работи на зголемување на довербата меѓу институциите и граѓаните, и апелира на обезбедување отвореност во комуникациите и брзина во интеракцијата, што подразбира и брзо одговарање на медиумите кои имаат прашања. Според Забрчанец, клучна улога има и вклученоста и учеството на сите заинтересирани граѓани во креирањето политики, а Владата има должност да ги слуша предлозите.

-Важно е и кревањето на јавната свест, вложувањето многу напори за свеста за разбирање на одговорна комуникација, односно медиумска писменост и пренесување точни информации, заклучи Забрчанец.