10.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Следува продолжен викенд – Ова се сите неработни денови во Македонија до крајот на годинава

За православните христијани следниот неработен ден е овој петок, 18 јуни , Духовден, петок пред Духовден.

ИНаку огласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2021 година неработни денови се:За сите граѓани на РМ: На 02 август (понеделник), Ден на Републиката, додека на 8 септември (среда) се одбележува Ден на независноста, а 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание. На 23 октомври (сабота), Ден на Македонската Револуционерна Борба, а 8 декември (среда), “Св. Климент Охридски”,

За граѓаните од православна вероисповед:: 18 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 28 август (сабота), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).За граѓаните од католичка вероисповед: • 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци, • 25 декември (сабота), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед• 20 Јули (вторник), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам, За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ – 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука, За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ – 23 мај (недела), Национален ден на Власите, За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ – 16 септември (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур, за граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ – 28 септември (вторник), Меѓународен ден на Бошњаците, За граѓаните припадници на турската заедница во РМ – 21 декември (вторник), Ден на настава на турски јазик.

Спонзорирано: