Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Маричиќ: Има интензивна комуникација Скопје-Софија, на тест е европската политика на Запден Балкан

„Правиме реални напори, имаме интензивна комуникација Софија-Скопје. Се работи за тестот на европската политика на Западен Балкан, а не само билатералните односи меѓу Северна Македонија и Бугарија“ кажа минситерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето на „Утрински брифинг“.

„Не е добро да се преговара преку јавноста, но ние немаме што да криеме. Нашите позиции за идентитетот и јазикот се јавни и јавно достапни. Тука нема отстапувања“ рече Маричиќ.

Тој доаде дека, сепак, треба да се договорат сите детали, бидејќи додека се не е договорено, ништо не е договорено.

Во врска со барањата на опозицијата за објавување за што точно се преговара со Бугарија, Маричиќ кажа дека претходните исксутва од преговорите за Преспанскиот договор и консултациите со опозицијата покажале дека тие не се сериозен и конструктивен фактор.

„Тоа не значи дека не се информирани, но нивниот одговор е блокирање на крстосници. Тешко можеме во таков амбиент да воспоставиме сериозен дијалог“ рече Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

(фото) Санкциониран штипјанец кој управувал возило со брзина констатирана од полициски пресретнувач од 105 км на час во населено место

ДЕСК

Малолетник со пиштол се заканувал кон врсник поради девојка – полицијата го одзеде пиштолот во кој имало еден куршум

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, шест од нив возеле без дозвола, меѓу кои и еден малолетник

ДЕСК