7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Од 1 јануари до денес дизелот поскапе 7.5 денари, а за неколку дена Заев трајно ќе го зголеми за дополнителни 4 денари

Од 1 јануари до денес дизелот поскапе 7.5 денари, а за неколку дена Заев трајно ќе го зголеми за дополнителни 4 денари. На 1 јануари дизелот во малопродажба се продавал 54 денари, а денес се продава 61.5 денари, односно 7.5 денари повеќе, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ Заев воведува и нов данок, нова давачка наречена еколошки надомест со кој дизелот трајно ќе поскапи за 4 денари. Заев не ги прашал граѓаните, ниту отворил дебата, Заев го планирал овој данок и го ставил во ребалансот во делот на планиран приход.

Заев сака за една година на народот да му земе 54 милиони евра како последица на новиот данок на дизелот. Тоа се пари кои главно ќе им бидат земени на земјоделците и на транспортерите. Тие 4 денари наместо за плата на вработените или за нови инвестиции ќе одат за покривање на дупките во буџетот кои ги направи Заев.

Со ваквото зголемување на цените на дизелот се ризикува зголемување на цените на повеќе продукти, а тоа ќе значи уште поголем удар врз џебот на народот и потежок живот. 4 години Заев, 4 години украден живот. Доста е!“ порачаа од партијата.

Можеби ќе ве интересира

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК

Итно процесуирано едно лице за предизвикување меѓуетничка омраза, МВР и ОЈО продолжуваат да постапуваат

ДЕСК