7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Две лица обвинети за тешки кражби во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против две лица кои се товарат дека сториле кривични дела – Тешка кражба казниво по Кривичниот законик.

Обвинетиот 35-годишен скопјанец и обвинетата 25-годишна скопјанка, по претходен договор заеднички влегле во куќа на улица „Венијамин Мачуковски“ и додека станарите спиеле, од масата во дневната соба одзеле две женски чанти во кои имало пари, банкарски картички и други документи. Една од оштетените го затекнала обвинетиот до украдените чанти во раката и вознемирана го прашала што прави, по што тој заедно со неговата соизвршителка се дале во бегство. Веднаш по настанот обвинетата употребила една од украдените картички и извршила вкупно седум трансакции во два маркета.

Само неколку дена подоцна, првообвинетиот, со совладување препреки, извршил уште една тешка кражба во стан во зграда на истата улица. Имено, тој успеал по фасадата на зградата и држачите од олукот да се искачи на висина од 2.5 метри, се прекачил на балконот од станот и преку незаклучената балконска врата влегол внатре. Од дневната соба одзел женска чанта со лични документи и банкарски картички, па веднаш го напуштил местото. Една од украдените картички веднаш ја употребил во маркет, реализирајќи две трансакции.

Поради опасност од бегство, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за првообвинетиот.​

Можеби ќе ве интересира

НОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО НАЈАВА – Синоптичарите излегоа со прогноза за следните 4 дена, чувајте се!

ДЕСК

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК